Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Трагичен епилог доби тешката тепачка што се случи на крајот на август во Скопје, откако 13-годишното момче кое беше тешко повредено во инцидентот почина по повеќенеделна борба за живот, пренесува Тетова1.

— реклама —

Инцидентот се случил на 31 август околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, каде што дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во неа учествувале пет лица, од кои четворица биле малолетни, а едно полнолетно.

— реклама —

Во текот на пресметката биле употребени ножеви, а по интервенцијата полицијата одзела три ножа, гумена палка и други предмети.

Во инцидентот биле повредени повеќе лица, но најтешко поминал 13-годишникот. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде што лекарите се бореле за неговиот живот.

— реклама —

По речиси три недели од тепачката, момчето им подлегнало на здобиените повреди. Информацијата за неговата смрт била објавена доцна синоќа од повеќе медиуми на албански јазик.

— реклама —

Трагичниот случај повторно го насочува вниманието кон насилството меѓу малолетниците и употребата на ножеви и други опасни предмети во пресметките меѓу младите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3iv1jbe8438q2BqlKAG

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhc48gdh0e4qvc35eacG

(Видео) Сообраќајка во Чаир: се судрија автомобили, делови од нив се по улицата

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања