Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Почина Паоло Булгари, поранешниот претседател на познатата италијанска куќа за накит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Магазин
media-libraryhru09kf2bsn2fsTITi2
screenshot youtube

На 89-годишна возраст во Рим почина Паоло Булгари, поранешниот претседател на познатата италијанска куќа за накит „Булгари“, кој одигра значајна улога во нејзиното меѓународно проширување.

— реклама —

Како внук на основачот Сотирио Булгари, кој бил Влав од Грција, Паоло уште во младоста се приклучил на семејниот бизнис како дизајнер на накит. Во 1984 година ја презел функцијата претседател и со години учествувал во развојот на брендот.

— реклама —

Во 2011 година семејството го продаде контролниот удел во компанијата на француската групација за луксузни производи ЛВМХ. Паоло Булгари и неговото семејство годинава се најдоа на 70. место на листата на „ФешнЈунајтед“ со 100-те најбогати луѓе во модната индустрија.

Покрај деловната кариера, Булгари беше посветен и на хуманитарната работа. Во 2019 година ја основа фондацијата „Паоло Булгари“, чија цел е поддршка на децата и младите, особено преку справување со образовната сиромаштија и помагање на училиштата во посиромашните делови на Рим.

— реклама —

Фондацијата спроведува образовни активности во источниот дел на градот преку проектот „Креско“ и алијансата „Торнасоле“. Во февруари 2023 година беше впишана во италијанскиот национален регистар како филантропски субјект.

— реклама —

Семејството го опиша Паоло Булгари како извонредна личност, со длабока хуманост и претприемачки талент, која ја сакала Италија и ја претставувала во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library23cr51o03trs49oLgtf

Почина Паоло Булгари, славниот италијански дизајнер на накит

Сцена | пред 21 минута

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања