Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Почина Самка Ибраимовски, поранешен пратеник и лидер на ПЦЕР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
samka

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политички активист и лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), кој во текот на својата кариера беше пратеник во Собранието на Македонија и министер без ресор.

— реклама —

Веста за неговата смрт ја објави „Рома Прес“, од каде што се простија од него со емотивна порака, истакнувајќи дека оставил белег во политичкиот живот.

— реклама —

Ибраимовски со години беше активен во политиката и се залагаше за правата и интересите на ромската заедница. Покрај функциите пратеник и министер без ресор, извршувал и директорска функција.

— реклама —

„Денес нè напушти човек кој остави свој белег во политиката“, се наведува во прошталната порака на „Рома Прес“.

— реклама —

Засега не се соопштени информации за причината за смртта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

samka

Експлозивна направа фрлена во штаб на партијата на Самка Ибраимовски: Сите прозори се искршени, а причинета е значителна штета

Македонија | пред 2 години

— реклама —
379520

Самка бара Ромите да спроведат попис

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања