Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Почина синот на македонскиот пејач Мариjан Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryt92uq7svod393JvS9rR

Тажна вест денеска ја сподели македонскиот пејач Маријан Стојаноски, кој соопшти дека починал неговиот син Петар.

— реклама —

Стојаноски веста ја објави на својот профил на Фејсбук. Засега не се познати повеќе детали за причините за смртта.

Маријан и неговата сопруга Наташа Стојаноска се родители на три деца – две ќерки и синот Петар. Семејството својот приватен живот главно го чуваше подалеку од јавноста, иако Наташа повремено објавуваше семејни фотографии на социјалните мрежи.

— реклама —

Петар е роден во декември 2021 година. По неговото раѓање, Маријан ја сподели радосната вест дека семејството добило син.

— реклама —

Сопружниците претходно ја добија ќерката Вероника, а подоцна семејството се прошири со уште една ќерка.

Маријан и Наташа се долгогодишни партнери. Тие се свршија во 2019 година, а една година подоцна стапија во брак.

Маријан Стојаноски е познат на македонската јавност по својата долгогодишна музичка кариера и повеќето фестивалски настапи. Тој е вработен во хорот на Националната опера и балет, а во последните години поретко се појавуваше во јавноста и повеќе време посветуваше на семејството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања