Промени тема
Контакт

Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“ и борец за правата на пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryvksehtau2s29ctJMBl6

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од шест години живееше со механичка пумпа за поддршка на срцето, чекајќи трансплантација.

— реклама —

Јолески се соочуваше со тешка срцева слабост, дијагностицирана во 2011 година, а во 2020 година му беше поставена механичка циркулаторна потпора, од која зависеше неговото секојдневно функционирање.

— реклама —

Како претседател на „Храбро срце“, тој се залагаше за подобри услови за лекување на пациентите со механичка поддршка на срцето. Јавно укажуваше на високите трошоци за лекување, недостигот од системска поддршка и потребата од поголема свест за дарувањето органи.

— реклама —

Неодамна се појави можност за трансплантација на срце, на која Јолески со години се надеваше. Според претходно објавените информации, требаше да биде направен обид за оперативен зафат што можеше да претставува значаен чекор и за другите пациенти во слична состојба.

Јолески ќе остане запаметен по долгогодишната борба со тешката болест и посветеноста на застапувањето на правата на пациентите што чекаат трансплантација, како и на подигнувањето на свеста за значењето на дарувањето органи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања