Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Почна дистрибуцијата на 400.000 вакцини против сипаници кај овците и козите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
ovci

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со дистрибуција на 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите до ветеринарните друштва. Вакцините се од турско производство и се обезбедени како донација од Европската Унија, а нивното аплицирање на терен се очекува да почне од среда.

— реклама —

Од АХВ информираат дека лабораториските испитувања на Факултетот за ветеринарна медицина го потврдиле квалитетот, микробиолошката исправност и јачината на вакцините.

— реклама —

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада, односно 438.042 животни во осумте региони во Македонија. Во првата фаза ќе се вакцинираат 193.527 животни во 1.859 стада во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион. Втората фаза ќе ги опфати Југозападниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот регион, со 244.515 животни во 1.558 стада.

Предвидена е и трета фаза за дополнителна вакцинација, со која ќе бидат опфатени животни што не биле вакцинирани во првите две фази, меѓу кои јагниња и јариња што ја достигнале потребната возраст, како и животни кај кои вакцинацијата била одложена од ветеринарни причини.

— реклама —

Од почетокот на годинава, АХВ евидентирала 115 жаришта на болеста. Во истиот период угинале 875 животни, а 9.359 биле нештетно отстранети.

— реклама —

„Со вакцинацијата ќе се опфатат 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони“, информираат од АХВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu635o6i85s9qeYlrkBC

Ветеринарите излегоа на протест: Бараат повеќе пари, редовни исплати и повисоки цени на услугите

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library60qd8spn24iv80QrolZ

Почнува итна вакцинација на овците и козите, пристигнаа 400.000 дози вакцини од Турција

Македонија | пред 1 седмица

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања