Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Почнува исплатата на осигурените депозити на клиентите на Алта банка во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Балкан
media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Клиентите на Алта банка во Србија од денеска можат да закажуваат термини за подигнување на осигурените депозити, откако Поштенска штедилница го активираше интернет-порталот за оваа намена. Исплатата треба да започне утре, 13 ноември, а ќе се спроведува во име и за сметка на Агенцијата за осигурување на депозити.

— реклама —

Право на обештетување имаат физичките лица, претприемачите и микро, малите и средните правни лица, до законскиот лимит од 50.000 евра по депонент.

— реклама —

Исплатата ќе се врши во поранешните 19 експозитури на Алта банка – седум во Белград и 12 во други градови. Каде што ќе биде потребно, ќе бидат искористени и капацитетите на Поштенска штедилница.

— реклама —

За подигнување на средствата, клиентите треба да приложат важечка лична карта или пасош и оригинален документ поврзан со сметката или депозитот. Доколку сакаат средствата во евра да ги префрлат во друга домашна банка, ќе треба да достават и банкарски податоци за сметката на која треба да се изврши трансферот.

— реклама —

Крајниот рок за поднесување барање за исплата на осигурените депозити е 3 ноември 2029 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

СДСМ поднесува кривична пријава за Алта банка, вели Филипче

Македонија | пред 18 минути

— реклама —
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари за Алта банка: Виновниците се бараат насекаде, само не таму каде што треба

Македонија | пред 16 часа

media-library5s437ig3f0og45s66ck

Бојковска за Алта банка: Најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и финансиската стабилност

Македонија | пред 17 часа

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Чупеска бара одговори од безбедносните служби за случајот со Алта банка

Коментари | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања