Почина актерката Луиза Флечер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Screenshot_2-5

Почина американската актерка Луиза Флечер на 88 години. Флечер почина во сон опкружена со семејството во нејзиниот дом во Мондуро, Франција, изјави нејзиниот агент Дејвид Шол за Асошиетед прес. Не е наведена причината.

— реклама —

Родена е на 22 јули 1934 година во Бирмингем, (Алабама, САД). Меѓународната слава ја стекна со филмот на Милош Форман, „Лет над кукавичјото гнездо“, каде играше заедно со Џек Николсон, а таа улога и донесе Оскар.

— реклама —

Откако ја стави својата кариера во мирување зарди своите деца, Флечер беше во раните 40-ти и малку беше позната кога ѝ беше доделена улогата заедно со Џек Николсон во филмот од 1975 година во режија на Милош Форман. Во тоа време не знаеше дека многу други истакнати ѕвезди, вклучувајќи ги Ен Банкрофт, Елен Барстин и Анџела Лансбери, го одбиле.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања