Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Почина актерката Мери Мара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
meri-mara

Мери Мара, актерката најпозната по улогите во телевизиските серии „Law and order“, „Ray Donovan“ и „NYPD Blue“, почина на 62-годишна возраст.

"Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознала. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Mad Forest на Бродвеј во 1992 година. Таа беше духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостасува", рече нејзиниот менаџер Крег Дорфман“, пренесува Си-Ен-Ен.

— реклама —
— реклама —

Според соопштението на њујоршката полиција, во неделата, нешто по 8 часот по локално време во градот Кејп Винсент, каде живеела актерката, добиле повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле нејзиното безживотно тело во реката Сен Лоран.

— реклама —

"Телото на Мери беше пронајдено утрото во реката. Таа се удави додека пливаше", изјави портпаролот на медиумите за Fox News Digital. Допрва треба да се изврши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања