Актерот Лени Фон Долен, еден од негативците во филмот „Сам дома 3“, почина на 5 јули на 63-годишна возраст, потврди неговиот агент за Variety.
„Актерот почина во четвртокот во својот дом во Лос Анџелес по долго боледување“, изјави агентот Стивен Волф.
Сестрата на Лени, Кетрин фон Долен, се прости од својот брат на Фејсбук:
"На 5-ти јули, светот загуби еден прекрасен човек. Брат Лен беше страствен за сè и секого. Тој секогаш водеше сè, без разлика дали тоа беше возбудлив разговор, уметничка креација или патување на нови места. Тој сакаше да ги насмее сите. Тој продолжува со своето духовно патување“, додаде Кетрин, а во коментарите следеа зборови на поддршка и сочувство.
Покрај улогата во филмот „Сам дома 3“, Лени е познат и по улогите во Твин Пикс, потоа во филмовите Tollbooth", "Bird of Prey", "One Good Turn", "Entertaining Angels" i "Cadillac", како и од сериите "Miami Vice", "The Equalizer", "Walker Texas Ranger", "Red Dwarf", "The Pretender" и многу други