Руската затворска служба објави дека починал Алексеј Навални, критичар и противник на рускиот претседател Владимир Путин. Како што се истакнува во соопштението, Навални по прошетката се чувствувал лошо и изгубил свест.
„Веднаш пристигнаа медицинските работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош. Спроведени се сите неопходни мерки за реанимација, но не дадоа позитивни резултати“, посочуваат од затворската служба.