Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Почина американскиот рапер Кулио

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Познатиот американски рапер Кулио почина рано утрово на 59-годишна возраст.

Како што пренесуваат светските медиуми, неговиот долгогодишен менаџер Џарез Посеј објавил дека Кулио бил пронајден на подот во бањата во куќата на неговиот пријател во Лос Анџелес.

Засега не е позната причината за смртта на познатиот музичар.

— реклама —

Сепак, Поузи за американскиот портал ТМЗ изјави дека екипата на итната помош која дошла на лице место соопштила дека најверојатно починал од срцев удар.

Кулио почна да се занимава со музика во 80-тите години на минатиот век, но својата слава ја стекна во 90-тите, односно кога во 1995 година го издаде најголемиот хит „Gangsta's Paradise“.

— реклама —

— реклама —

Кулио, чие вистинско име е Артис Леон Ајви, ја доби наградата Греми за песната „Gangsta's Paradise“, која всушност е саундтракот на филмот „Опасни умови“ со Мишел Фајфер во главната улога.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања