Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Почина Андреас Бреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Спорт
164498164965d46887e329a370534118_w640

Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме почина на 64-годишна возраст во Минхен, јавуваат локалните медиуми.

Според информациите, тој починал од срцев удар.

Бремен беше член на генерацијата која на Германија и го донесе Светското првенство во Италија во 1990 година, а тој постигна гол од белата точка за победа во финалето во Рим со 1-0 против Аргентина на Марадона.

За германската репрезентација одигра 86 натпревари и постигна осум гола.

— реклама —

„ФК Баерн е шокиран од ненадејната смрт на Андреас Бреме. Засекогаш ќе го чуваме Бреме во нашите срца како светски шампион, а уште повеќе како многу посебна личност. Тој секогаш ќе биде дел од семејството на ФК Баерн. Почивај во мир драг Анди“, стои во соопштението на Баерн на официјалниот сајт.

— реклама —

Бреме најголемиот дел од својата клупска кариера го мина во Интер (1988-1992), а покрај во Баерн, каде беше од 1986 до 1988 година, беше член и на Менац Сарбрикен и Кајзерслаутерн, како и на шпанска Сарагоса.

Во својата кратка тренерска кариера од клупата ги водеше клубовите од својата татковина - Кајзерслаутерн (2000-2002) и Унтерхахинг (2004-2005).

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања