Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Почина архитектот Георги Константиновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kostadinovski

На 90-годишна возраст почина светски признаениот архитект Георги Константиновски. Информацијата ја потврди неговиот син Валентино Константиновски.

— реклама —

„Со длабоко жалење Ве известувам дека на ден 08.12.2020 година, почина мојот татко, професор Георги Константиновски. Погребот беше извршен денес на гробиштата во Бардовци.

— реклама —

Нека почива во мир…“, сподели Валентино со јавноста.

— реклама —

Георги Константиновски ќе остане запаметен како еден од најпознатите архитекти што оставиле длабоки траги во македонското архитектонско творештво. Тој е проектант на некои од најзначајните објекти во Скопје и во другите градови во Македонија, а најпрепознатливи дела за Константиновски се Архивот на град Скопје од 1966 година и студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Тафталиџе, чија изградба започнала во 1969 година и кој се смета за значаен објект на македонската архитектура од храбрата постземјотресна обнова на Скопје.

Константиновски дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година, на Архитектонскиот отсек и е дел од првата генерација архитекти на Техничкиот факултет. Магистрирал на Универзитетот Јеил во САД, а кариерата како редовен професот му завршува во 1995 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања