Групата Милиграм на своите официјални страници објави дека почина нивниот басист Лима Слободан Васиќ. Васиќ почина во 33 та година од живот. Музичарот починал после куса и тешка борба со болест.
„Денес после куса и тешка болест почина басистот на ’Милиграм’, Лима Слободан Васиќ. Во секоја секунда од неговиот живот носеше насмевка, неверојатна енергија која ја делеше несебично околу себе правејќи го животот поубав на сите во близина. Почивај во мир брате, во нашите срца ќе свириш додека знаеме за себе. Засекогаш твој, Милиграм“, пишува во објавата покрај видеото кое ги допрело обожавателите на оваа група.
Најпознати хитови на групата „Милиграм“ се: „Врати ми се несречо“, „Луди петак“, „Крушка“и „Свирај брате“.