Промени тема
Контакт

Почина Бојо Андрески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bojo-andreski

Синоќа, по кратко боледување почина проф. д-р Бојо Андрески, лидер во приватното високо образование во Македонија и основач и сопственик на првиот приватен универзитет во Македонија, Европскиот универзитет.

Бојо Андрески е роден 1959 година, завршил Воена академија во Белград, како и Економски факултет во Нови Сад. Има два доктората – по правни и политички науки и по економски науки. На Европскиот универзитет предаваше меѓународен маркетинг и меѓународен менаџмент. Сиот свој живот беше човек кој имаше широки интереси и сакаше да учествува во заедницата со свој придонес. Тој го поддржа, помогна и го крена на нозе весникот „Вечер“.

— реклама —

Беше лидер на Партијата на правдата, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Андрески беше и еден од првите претприемачи во Македонија. Сопственик на печатницата „Цетис“.

— реклама —

Комеморација ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања