Промени тема
Контакт

Почина Чак Расел, режисерот што стоеше зад филмот „Маска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
sveka

Американскиот режисер Чак Расел, познат по филмовите „Маска“ и „Ноќен кошмар во улицата Елм 3: Воини на соништата“, почина на 74-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Според неговата сопруга Ања, Расел ненадејно починал во средата во својот дом во предградие на Сан Диего. Таа го пронашла без свест и веднаш повикала итна помош, но лекарските екипи не успеале да го реанимираат.

— реклама —

Расел важеше за режисер кој воведе иновативни визуелни ефекти во своите филмови и остави значаен белег во Холивуд.

Во текот на својата кариера ги режираше и филмовите „Бришачот“ (Eraser) од 1996 година со Арнолд Шварценегер во главната улога, „Благослови го ова дете“ (Bless the Child) со Ким Бесинџер и „Кралот на скорпиите“ (The Scorpion King) од 2002 година, во кој Двејн Џонсон ја имаше својата прва голема филмска улога.

По сценариото за хорор-трилерот „Dreamscape“ од 1984 година, Расел режисерски дебитираше со „Ноќен кошмар во улицата Елм 3: Воини на соништата“ во 1987 година. Филмот му даде нов подем на култниот серијал за Фреди Кругер и оствари голем успех во кината.

— реклама —

Заедно со својот долгогодишен соработник Френк Дарабонт го напиша сценариото и го режираше римејкот на хоророт „The Blob“, а светска слава стекна со филмот „Маска“ од 1994 година, во кој Џим Кери го толкува главниот лик. Остварувањето заработи повеќе од 350 милиони долари на светските кино-благајни и беше номинирано за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања