Од СВР Струмица информираат дека вчера починало четиримесечно машко бебе во Богданци.
Смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија
Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми. Подолг период се лекувало во Клиничкиот центар во Скопје.
Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.