Промени тема
Контакт

Почина чичко Драги од Рекорд – човекот кој се грижеше за уличните кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryp50bppgnl8l64AgHjzi

Почина чичко Драги, човекот кого речиси секој скопјанец го знаеше од неговата мала тезга кај Рекорд – Скопје. На 72-годишна возраст тој го загуби животот по подолго боледување.

Со години продаваше ситници – стегачи, шноли, штипки за коса, ланчиња. Околу него секогаш имаше кучиња – десетина улични миленици кои тој ги спасил и за кои секојдневно се грижеше.

— реклама —

Чичко Драги живееше сам, а неговиот дом беше засолниште за повеќе од десет кучиња од улица. Колку што имаше за себе, толку имаше и за нив.

Поради здравствени проблеми го имаше изгубено гласот, па со луѓето комуницираше пишувајќи на лист хартија. И покрај тоа, секогаш беше културен и добар со сите – човек со големо срце.

— реклама —

Пред три месеци беше покренат апел за помош за неговото лекување и за купување храна за кучињата. Минатиот месец на својот профил на Фејсбук им се заблагодари на граѓаните за донациите и напиша: „Ветувам дека од болница ќе излезам посилен“.

— реклама —

Надежта не го напушти до последно. Скопје денес се простува од човек кој, и покрај својот тежок живот, никогаш не престана да се грижи за оние што најмногу имаа потреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања