Промени тема
Контакт

Почина добитникот на наградата „Гоја“ Маноло Соло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
sveka

Шпанскиот актер Маноло Соло почина на 62-годишна возраст, соопшти Шпанската филмска академија.

Актерот, чие вистинско име беше Мануел Фернандес Серано, беше добитник на престижната награда „Гоја“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Бесот на трпеливиот човек“. Во текот на својата кариера уште четири пати беше номиниран за истото признание, за улогите во филмовите „B“, „Добриот газда“, „Затвори ги очите“ и „Португалската селска куќа“.

— реклама —

Роден во 1964 година во Алхесирас, Соло првично студирал педагогија, но животот го посветил на актерската професија. Уметничкото име го избрал во младоста, додека се занимавал со музика, инспириран од љубовта кон филмот што му ја пренел неговиот татко.

Покрај актерството, Маноло Соло беше и музичар. Свиреше бас-гитара и гитара, сними неколку албуми и соработуваше со повеќе шпански музички состави, а подоцна го основа и сопствениот проект „Manolo Solo & Also Starring“, посветен на филмската музика.

Во повеќе од три децении кариера оствари над 50 филмски улоги и работеше со реномирани режисери, меѓу кои Гиљермо дел Торо, Алехандро Гонзалес Ињариту, Фернандо Леон де Араноа, Алберто Родригез и Изабел Коишет.

— реклама —

Освен на филмското платно, настапуваше и во бројни телевизиски серии и театарски претстави, а беше активен и како синхронизатор, позајмувајќи го својот глас на голем број филмски и анимирани ликови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања