Легендарниот фудбалер на Тотенхем и актуелен менаџер на Лејтон Ориент, Џастин Единбург почина на 49-годишна возраст, по добиен инфаркт.
Toj бил однесен во болница два дена откако присуствувал на финалето во Лигата на Шампионите помеѓу неговиот поранешен клуб Тотенхем и Ливерпул.
– Целосно сме скршени од оваа трагедија, напишаа од актуелниот клуб на Единбург.
Тој ја започна фудбалската кариера во Саутенд, освојувајќи промоција во четвртото ниво, по што следува трансфер во Тотенхем во 1990 година. Тој забележува 215 натпревари за клубот од Северен Лондон и е дел од триумфот во ФА Купот и Лига Купот во 1991-та и 1999- та година.