Комити денеска се збогуваа со еден од своите најзначајни членови во навивачката група, Горан Костадиновски - Гокси по долго боледување утринава почина на 51-годишна возраст. Комитите на својот официјален ФБ профил се збогуваа од Костадиновски.
-Со неверување ја примаме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена. Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови...најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк...Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави !Горан Костадиновски - Гого (23.08.1969 - 28.10.2020)