Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Почина една од најголемите ѕвезди на југословенската сцена – Оливера Катарина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryg1n574kavc4a1iTxUaj

Оливера Катарина, една од најпознатите актерки и пејачки од просторот на поранешна Југославија, почина на 86-годишна возраст по кратко боледување.

— реклама —

Во својата повеќедецениска кариера таа остави длабока трага во филмот и музиката, а публиката ја памети по бројните улоги и специфичниот сценски настап. Меѓу нејзините позначајни филмски остварувања се „Војник“, „Има љубов, нема љубов“ и „Партизани“.

— реклама —

Нејзината најголема препознатливост ѝ ја донесе улогата на Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ од 1967 година. Филмот беше награден на Канскиот филмски фестивал и ѝ обезбеди меѓународна афирмација.

Последен пат на филмското платно се појави во 2008 година, кога настапи во филмот „Чарлстон за Огњенка“.

— реклама —

Освен како актерка, Катарина беше ценета и како пејачка. Во текот на кариерата сними голем број албуми и песни, а особено беше позната по интерпретацијата на народни и ромски мелодии. Меѓу нејзините најпознати изведби се „Нишка бања“, „Ѓелем, ѓелем“ и „Верка калуѓерка“.

— реклама —

Со нејзиното заминување, југословенската културна сцена остана без една од своите највпечатливи и најавтентични уметници, чија работа ќе остане запаметена од генерации љубители на филмот и музиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања