Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Почина едногодишниот внук на Шерон Стоун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
seronkkkk

Холивудската глумица Шерон Стоун сподели тажна вест дека починал внук ѝ Ривер Вилијам Стоун. Ривер во септември требаше да наполни една година. Тој е син на братот на Шерон, Патрик. Глумицата неколку дена претходно откри дека момчето паднало во кома по откажувањето на органите.

— реклама —

„8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“, напиша таа покрај видеото што го објави на „Инстаграм“.

— реклама —

Шерон, која на почетокот на годината го крштеваше бебето, пред неколку дена објави фотографија од Ривер, кој лежи на болнички кревет интубиран и опкружен со жици. Таа ги замоли обожавателите да се молат за него и за нејзиното семејство.

— реклама —

„Мојот внук и кумашинче Ривер денеска беше пронајден во својата лулка откако неговите органи целосно му откажаа. Молете се за него. Потребно ни е чудо“, напиша тогаш Шерон.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања