Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Почина Илија Жупаноски, владиниот советник за дигитални комуникации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


На 41-годишна возраст, вчера во Скопје почина владиниот советник за дигитални комуникации и општествен активист за демократија, Илија Жупаноски.

— реклама —

Жупаноски беше советник за дигитални комуникации на премиерите Заев, Спасовски и Ковачевски и имаше ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата од 2017 година наваму.

— реклама —

Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

— реклама —

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во програмата Економско образование за млади (Junior Achievement), a од крајот на 90-тите учествува во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ). Беше извршен директор на МОФ од 2007 до 2010 година.



„Илија беше општествен активист за демократија, борец против дезинформации, владин советник за дигитални комуникации кој даде огромен и суштински продонес во демократизација на комуникациите, дигиталната отченост и транспарентност на Владата предводена од СДСМ“, велат од СДСМ.



„Илија имаше клучна улога во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2017 година. Тој беше еден од пионерите во развивањето на концептот за дигитална отчетност и транспарентност, придонесувајќи кон тоа македонската Влада да стане прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност. Со своето огромно домашно, регионално и меѓународно искуство, Илија беше посветен на борбата против хибридните и сајбер напади кои го загрозуваат темелот на демократијата“, напиша министерот Оливер Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања