„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Почина лавицата во Зоолошката градина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
52333418_1214879098662684_2639359271426326528_n

Лавицата која 20 години престојуваше во Зоолошката градина – Скопје почина од малиген тумор кој започнал да се развива на лицето и метастазирал низ целото тело.

— реклама —

„Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на Зоо семејството. Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА(Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото“, велат од Зоолошката градина.

Во нејзина чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на пола копје“,

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања