Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Почина легендарната спикерка Бранка Станковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
branka-stankovska

Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје на 90 годишна воздраст , потврди семејството.  Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го поминала во Македонската радиотелевизија.

— реклама —

Бранка Станковска е доајен на македонското спикерство, ненадмината во негување на убавиот збор, дикцијата и литературниот македонски јазик.

Бранка Станковска е родена во Скопје, на 30. Ⅳ 1931– целиот работен век го поминала во РТ Скопје, била радио и тв спикер и водител. Во Македонската радио-телевизија работела од 1948-1987. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

— реклама —

,,Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ,,ТОЧНО Е 12.00 часот“. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!“-напиша една од нејзините внуки на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања