Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Почина легендарниот актер Дејвид Бурк познат по улогата доктор Вотсон од „Авантурите на Шерлок Холмс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-libraryohcg0h8tcs0oeRdx3yZ

Британскиот актер Дејвид Бурк, кој остана запаметен по улогата на доктор Џон Вотсон во легендарната серија „Авантурите на Шерлок Холмс“, почина на 92-годишна возраст, потврди неговото семејство.

Бурк ја одбележа телевизиската историја со својата интерпретација на верниот придружник на Шерлок Холмс во серијата на „Телевизија Гранада“ од осумдесеттите години, каде настапуваше покрај Џереми Брет.

— реклама —

Пред неговата верзија, ликот на Вотсон често бил прикажуван како несмасен и комичен помошник. Бурк му дал интелигенција, достоинство и херојска димензија, претворајќи го во рамноправен партнер на славниот детектив.

— реклама —

Неговото заминување од серијата во периодот на најголема популарност било изненадување за многумина. Наместо да продолжи со телевизиската слава, тој решил да се посвети на семејството и да ѝ се приклучи на „Ројал Шекспир Компани“.

— реклама —

Посебна причина за таа одлука била желбата да поминува повеќе време со сопругата Ана Калдер-Маршал и нивниот син Том Бурк, кој тогаш бил дете.

Токму Дејвид Бурк го препорачал Едвард Хардвик како свој наследник во улогата на доктор Вотсон.

Роден во Ливерпул на 25 мај 1934 година, Бурк студирал на престижната „Ројал Академи оф Драматик Арт“.

Во текот на кариерата толкувал различни улоги, меѓу кои и Јосиф Сталин во серијата „Рајли, Ејс оф Спајс“, а настапувал и во популарната серија „Мидсомер Мрдерс“.

Театарската публика особено го памети по улогата на Нилс Бор во драмата „Копенхаген“.

Неговиот син Том Бурк денес е еден од најпознатите британски актери од поновата генерација, препознатлив по сериите „Страјк“ и „Мускетарите“.

Колегите го опишуваат Дејвид Бурк како вистински џентлмен и човек со голем интегритет, а неговата интерпретација на доктор Вотсон и понатаму се смета за една од најдобрите во историјата на телевизијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања