На 92 години во Москва почина најстарата руска автивистка за заштита на човековите права и поранешна советска дисидентка Људмила Алексеева.
Комунистичкакта власт на Советскиот Сојуз ја протерал Алексеева од земјата во 1977 година, поради основање на најстарата руска организација за заштита на човековите права - Московска хелсиншка група. Во 1993 година таа се вратила во Русија и продолжила да се бори за почитување на човековите права
Советот за човекови права при претседателот на Русија на својата Интернет страница соопшти за смртта на Алексеева, руска активистка за човекови права, една од основачите на Московската Хелсиншка група во 1976 година.
