Промени тема
Контакт

Почина Мери Егида Ривера, актерката што ја освои публиката со кратката улога во „Спајдермен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
sveka

Актерката Мери Егида Ривера, која се прослави со својата кратка, но впечатлива улога во филмот „Спајдермен: Нема пат до дома“, почина на 82-годишна возраст.

Ривера починала на 15 април во Хонолулу, но информацијата за нејзината смрт стана јавна дури на почетокот на август. Според членовите на нејзиното семејство, претходно доживеала мозочен удар, по што паднала во кома. Лекарите процениле дека шансите за закрепнување се минимални, па семејството одлучило да биде исклучена од апаратите за одржување во живот. По смртта била кремирана.

— реклама —

Иако настапот во „Спајдермен: Нема пат до дома“ беше нејзина единствена филмска улога, таа остави силен впечаток кај публиката. Во една од најзапаметените сцени, нејзиниот лик на тагалог го замолува Спајдермен да ја отстрани пајажината од таванот, а сцената стана омилена меѓу обожавателите на филмот.

Во филмот таа играше покрај Том Холанд, Зендаја, Џејкоб Баталон и Ендрју Гарфилд, кој повторно се појави во улогата на Питер Паркер.

Зад Мери Егида Ривера останаа нејзиниот сопруг Алехандро, децата, 11 внуци и четири правнуци.

— реклама —

„Спајдермен: Нема пат до дома“ беше еден од најголемите филмски хитови во 2021 година, со заработка од околу 1,9 милијарди долари ширум светот. Неговото продолжение, „Спајдермен: Сосема нов ден“, неодамна ја имаше својата премиера и веќе бележи рекордни приходи на кино-благајните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања