Промени тема
Контакт

Почина Мирослав Наумовски Лав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
viber_image_2022-02-27_11-20-24-237

Денес, по кратко боледување, почина Мирослав Наумовски-Лав. Лав беше врвен спортист, спортски новинар, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Собранието и на Управниот одбор на МОК, спортски новинар во Нова Македонија, основач и главен одговорен уредник на првиот спортски весник во нашата држава, СКОК.

— реклама —

Мирослав Наумовски-Лав во „Нова Македонија“, како спортски новинар, поминал 27 години, а известувал од ЛОИ 1974, 2000 и 2004, од ЗОИ 1984 и 1988, од три СП во кошарка, осум ЕП во различни спортови, универзијади, медитерански игри, балканијади.

— реклама —
— реклама —

Неговата најголема спортска љубов бил ракометот. Со македонската репрезентација станал пионерски првак на тогашна Јуугославија (СФРЈ). Во 1962 година бил прв на Младинското првенство на СФРЈ, а во 1965 година и Национален првак во младинска конкуренција. Наумовски бил одличен ракометар и дел од младинската репрезентација на СФРЈ (заедно со генерацијата на Поповиќ, Прибаниќ, Покрајац, Каралиќ…). Најмногу време поминал во Р.К. Вардар, играјќи на позицијата централен бек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања