Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-10-08-101703

Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач. Телграма со сочувство до семејството упати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој посочи дека неговиот придонес кон развојот и промоцијата на македонската култура е навистина огромен.

— реклама —

„Ренџов поседуваше уникатен авторски профил, кој во наследство на идните генерации им остави бесценети поетски збирки и други значајни дела, со кои ѝ даде бесмртност на македонската современа поезија и воопшто култура. Вечна му слава!“, напиша министерот Љутков во телеграмата упатена до семејството.

— реклама —

Михаил Ренџов работеше во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство и во одреден период беше директор на оваа институција. Беше член на Македонскиот ПЕН-центар, како и на ДПМ од 1965 година.

Автор е на дваесетина збирки поезија, меѓу кои: „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Го преведе и епот „Гилгамеш“. Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023 година.

— реклама —

Ренџов е добитник на многубројни награди, меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов “ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), „Рациново признание“ за книгата „Захариј и други раскази“ (2004), „Григор Прличев“ за поемата „Предвесница“ (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата „Јас. Елегии“ (2017).

— реклама —

Во 2022 година го доби орденот „Свети Никола“, што се доделува на заслужни граѓани кои се родени и потекнуваат од Штип.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања