Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Почина млад битолчанец кој избегал од инфективното оделение, па бил вратен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-bitola

Почина 35 годишниот пациент позитивен на ковид-19 кој што синоќа избега од инфективното одделение во Битолската болница.

Вчера напладне за време на ручекот во болницата, самоволно заминал дома со приватно возило, наводно, за да се одмори и наспие, но се напил седативи, а семејството повикало итна помош затоа што не можеле да го разбудат.

— реклама —

За првпат пациентот се јавил во тријажната амбуланта во битолската болница на 13 ноември, со симптоми на покачена температура, кашлица, но, немал рентген наод. Му била дадена терпаија и препорака за изолација и закажување на тестирање преку матичен лекар. Тој повторно се јави на преглед на 16 ноември, но сега веќе со тешко дишење и температура, а снимката покажала бронхопневмонија, по што бил хоспитализаран. Следниот ден на 17 веќе бил земен брис и добиен ковид позитивен резултат. Од Министерството информираат дека кај 35 годишниот битолчанец во системот не биле евидентирани хронични заболувања.

— реклама —

извор: Телма 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања