Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Почина модниот креатор, Карл Лагерфилд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
karl-lagerfeld

Познатиот германски моден креатор, Карл Лагерфилд, почина денеска во Париз во 86-тата година од животот. Лагерфилд беше прв човек на одделението за дизајн на модната куќа „Шанел“.

— реклама —

Поради влошената здравствена состојба, Карл пропуштил неколку модни ревии на кои беше очекувано да се појави. Тој бил однесен во болница вчера, а почина денес. Пропуштил две ревии на „Шанел“ во Париз на 22 јануари, но компанијата тогаш изјави дека бил уморен и затоа не се појавил. Ова било првпат да пропушти ревија на „Шанел“.

Карл претседаваше со „Шанел“ повеќе од три децении, успевајќи да создаде по осум колекции годишно.

— реклама —

Светски познатиот дизајнер бил роден во Хамбург 1933 година, во богато германско семејство. Модна икона стана во 1983 година, кога ја претстави својата прва колекција за модната куќа „Шанел“.

Засега не е познато кој ќе го наследи, иако се шпекулира дека на чело ќе застане Вирџини Виард, директор на креативното студио на „Шанел“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања