Промени тема
Контакт

Почина новинарот Драган Чубриќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Dragan-Chubri

По кратко боледување, рано утово во Охрид, почина Драган Чубриќ (67), долгогодишен новинар.

Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период работеше и како уредник во локална телевизија, а беше сопственик и уредник на порталот „ОhridLive“. Последните години беше дел од тмот на порталот „SDK.mk“ (Сакам да кажам).

— реклама —

Негова пасија беше авиомоделарството. Беше претседател на Аерооклубот „Охрид”. Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството, новинар од „стариот ков“, доследен на професија.

Чубриќ во својата долгогодишна кариера и објавените безброј текстови, остави белег во охридското и македонското новинарство.

— реклама —

Погребот на новинарот Драган Чубриќ ќе се изврши утре во 12 часот на градските гробишта во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања