Во соопштението од семејството се наведува: „Со повеќе тага отколку што зборовите можат да пренесат, мораме да ве известиме дека нашиот сакан Ози почина утринава. Беше со семејството и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент“, пренесува Би-Би-Си.
Само неколку недели претходно, Ози одржа проштален концерт на стадионот Вила Парк во Бирмингем, градот во кој ја започна својата музичка кариера. Тогаш им порача на присутните: „Немате поим како се чувствувам – ви благодарам од сè срце“.
На тој концерт, кој беше наречен негов „последен поклон“, настапија и неговите музички фаворити – Металика и Ганс ен Роузес.