Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Почина пијанистката и универзитетски професор Јасминка Чакар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
jasminka-cakar

По кратко боледување , на 81 година почина Јасминка Чакар, истакната пијанистка и професорка на Факултетот за музика уметност во Скопје.

Родена е во Битола , каде започнала нејзината музичка едукација, а дипломирала на Музичката академија во Загреб, 1963 година. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, 1976 година. Работела како професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година, едуцирајќи повеќе од 40 млади пијанисти.

— реклама —
— реклама —

Јасминка Чакар концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Беше особено активна и ценета како пијано- соработник, со реализирани над триста концертни настапи со домашни уметници, како и со солисти од странство. За својата посветена работа таа е добитник на државната награда „ 11 Октомври“, но и на наградата „ 13 Ноември“.

— реклама —

Ќе остане запаметена по нејзиниот влог во развојот на македонскиот пијанизам и домашната музичка култура, воопшто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања