Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Почина Питер Мејхју - глумецот што го одигра Чубака во „Војна на ѕвездите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
cubaka

Питер Мејхју, актерот што го играше Чубака во филмовите „Ѕвездени војни“, почина на 74 години, соопшти неговото семејство. Тој починал во својот дом во Тексас на 30 април, опкружен со своето семејство, се вели во соопштението.

— реклама —

Креаторот на „Ѕвездени војни“, Џорџ Лукас, сакал висок актер да го игра Чубака - но првично за улогата го сметал Дејвид Проус, висок 1,98 м. Меѓутоа, Проус сакал да го игра Дарт Вејдер, па Лукас се свртел кон Мејхју, кој со своите 2,18 м бил избран чисто поради неговата висина. Неговото лице никогаш не беше видено во филмовите „Ѕвездени војни“.

Семејството на Мејхју вели дека „семејството на Ѕвездени војни му значеше многу повеќе отколку една улога во филм“.

— реклама —

Во соопштението  од семејството уште се доадава дека  актерот бил „во голема мера ангажиран“ со непрофитните организации и покренал своја сопствена фондација, која, велат, им помагала „на сите, од поединци и семејства во кризни ситуации, до храна и други потребни работи за децата во Венецуела“.

Семејството на Мејхју не кажа што е причината за неговата смрт.

На 29 јуни ќе се одржи меморијална служба за пријателите и семејството, а во декември ќе се одржи посебен меморијал за обожавателите, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања