Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
media-libraryqk2jar7edcsjcobnXBu

Политичкиот аналитичар и поранешен дипломат Арсим Зеколи почина рано утрово на 60-годишна возраст, оставајќи зад себе значаен белег во јавниот и дипломатскиот живот во земјата.

По веста за неговата смрт, со порака на социјалните мрежи од него се прости потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, кој го опиша како исклучително образован и принципиелен човек.

— реклама —

„Арсим беше исклучително образован и начитан човек, со свое мислење кое не се двоумеше да го каже, без разлика дали тоа некому му се допаѓаше или не“, напиша Османи.

Тој посочи дека и покрај тоа што Зеколи често јавно го критикувал, тие одржувале редовни средби и долги разговори за меѓународната политика, регионот и геополитичките случувања.

— реклама —

Османи потсети и на периодот кога претседаваше со ОБСЕ, нагласувајќи дека често го поканувал Зеколи на разговори поради неговото дипломатско искуство и познавање на меѓународните односи.

Во својата порака, Османи сподели и лична анегдота, истакнувајќи дека Зеколи секогаш одбивал да прифати дури и кафе кога доаѓал во Министерството, објаснувајќи дека не сака да остане должен никому од власта, па макар и за најмал гест.

„Таков беше Арсим“, напиша Османи, изразувајќи сочувство до семејството и најблиските на починатиот.

Арсим Зеколи во јавноста беше препознатлив како политички аналитичар, дипломат и остар критичар на политичките процеси, чии ставови често предизвикуваа внимание и дебата во јавниот простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања