Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Почина поранешниот дипломат и писател Трајан Петровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Trajan-696x387

Поранешниот дипломат и писател почина синоќа на 82 годишна возраст.

— реклама —

Во последниот поздрав од неговите колеги од дипломатскиот клуб во Скопје потсетуваат на кариерата и делото на Петровски кој беше првиот нерезидентен амбасадор на Репубилика Македонија деташиран во Анкара во јуни 1992 година.

Како исткнат дипломат над три децении тој со непокор работеше на етаблирање на органите за надворешни работи на нашата држава и беше еден од незаменливите дипломати-промотори на македонската култура во светот.

— реклама —

Професионалниот дипломатски ангажман на Петровски во многу ја збогати и мултудимензионално ја постави неговата литературна вокација, а неговите романи, поезија, есеи и патеписи ги проширија културните реалности и вредности на Македонија низ светот, стои во дописот од дипломатскиот клуб.

„Како истакнат член на Дипломатскиот клуб – Скопје, колегата Петровски даде полн придонес и за аналитичко, систематско и професионално проучување и историографско документирање на активностите на македонската дипломатија во нејзиниот 50 годишен развој. Простувајќи се од Трајан Петровски, веруваме дека многу генерации дипломати на Република Северна Македонија ќе го следат неговиот пример за истојно и одговорно реализирање на интересите на земјата во односите со странските субјекти“, велат од дипломатскиот клуб .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања