Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе умре на 96 годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Контроверзниот Мугабе кој владееше во Зимбабве 37 години беше национален херој од борбата за ослободување на земјата од колонијалното владеење.
Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.
Тој беше затворен во 1964 година на повеќе од една деценија и уште додека беше во затвор беше избран за претседател на Африканската национална унија на Зимбабве, воена организација која се бореше против белото малцинство во тогашната Родезија, која во 1980 година беше преименувана во Зимбабве.
Мугабе беше соборен од власта во ноември 2017, откако го смени својот долгогодишен сојузник, потпретседателот Мнангагва.