Познатата српска мисица Дијана Милојковиќ почина вчера по долго и тешко боледување на 33 годишна возраст.
Веста за смртта ја потврди нејзиниот брат Милош Милојковиќ на социјлната мрежа Инстаграм, објавувајќи тажен статус.
Дијана е позната покрај по титулата мис е позната и по тоа што се борела како лавица и ги мотивирала другите жени да одат на редовни прегледи.
Родена била во 1987 година во Чуприја, а нејзината кариера ја одбележила победата на изборот Мис Србија 2009 година. На натпреварот во Бејрут во 2014 година станала Мие Европа, како и Мис Спорт, па продолжила да работи како модел.
Таа завршила два факултети, Фармацевтски и Факултет за менаџмент, за кој завршила и мастер студии.
