По кратко боледување, денеска почина новинарот Предраг Димитровски (64). Димитровски беше еден од најистакнатите македонски новинари со над 30 годишно искуство, беше главен уредник во весникот Вечер од 2005-2006 година, а потоа работеше во дневниот весник Дневник.
Последните години од работниот век ги помина во Република и во Пресинг ТВ каде специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа меѓу најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше.
Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.