Промени тема
Контакт

Почина прим. д-р Драган Христов, еден од основоположниците на ортопедската хирургија во „Аџибадем Систина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library93rg4eq3flb9envexuN

Со голема тага, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ информираше за смртта на прим. д-р Драган Христов, специјалист по ортопедска хирургија и еден од лекарите кои ги поставија темелите на ортопедската хирургија во оваа здравствена установа.

Од болницата посочуваат дека д-р Христов бил дел од ортопедскиот тим уште од самото отворање на „Аџибадем Систина“ во 2010 година, каде со својата стручност, знаење и професионалност дал значаен придонес во развојот на оваа медицинска гранка.

— реклама —

„Со неговата стручност, знаење и професионалност ги создаде темелите и го започна развојот на ортопедската хирургија во нашата болница, давајќи несебична поддршка на тимот. Особено сме горди што имавме можност да соработуваме и да учиме од овој голем човек“, наведуваат од „Аџибадем Систина“.

— реклама —

Од менаџерскиот тим и вработените во болницата изразија длабока почит и искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите на д-р Христов.

— реклама —

„Вечна му слава“, порачаа од „Аџибадем Систина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања