Промени тема
Контакт

Почина проф. д-р Драги Данев, ректор на УКИМ во времето на осамостојувањето на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library7p69md9j0hof2qRhT7s

Во Скопје, по кратко боледување, почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот од 1990 до 1992 година.

Данев е роден во Штип во 1942 година. Докторирал на Машинскиот факултет во Белград, а својата професионална кариера ја започнал во индустријата, пред целосно да се посвети на академската работа.

— реклама —

На Машинскиот факултет во Скопје напредувал до звањето редовен професор, оставајќи значаен белег во областа на машинството. Во текот на својата богата научна кариера објавил повеќе од 150 научни трудови и бил автор и коавтор на повеќе учебници и стручни изданија.

Покрај академскиот ангажман, Данев извршувал и високи општествени функции. Бил член на Сојузниот извршен совет и министер за сообраќај и врски во поранешна Југославија.

— реклама —

Колегите и студентите ќе го паметат како истакнат професор, научник и човек кој дал значаен придонес во развојот на високото образование и инженерската наука во Македонија.

— реклама —

Комеморацијата во чест на проф. д-р Драги Данев ќе се одржи на 11 јуни на Машинскиот факултет во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања