Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Почина професор, д-р Војо Беловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-27-at-11.06.10

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашиот драг колега и професор, д-р Војо Беловски. Професорот Беловски беше почитуван член на академската заедница. Со својата посветеност и страст кон правото, професорот инспирираше многу генерации студенти и остави значаен белег во правното образование“, напишаа од правниот факултет, Универзитет "Гоце Делчев" - Штип и додадоа:

— реклама —

Неговото истражување и трудови во областа на трудовото право и работните односи, како и неговата заложба за квалитетно образование, ќе останат засекогаш запаметени. Неговото влијание врз студентите, колегите и пошироката заедница е непроценливо.

— реклама —

Д-р Војо Беловски, е роден на 04.04.1955 г. во с. Владимирово-Беровско. Има завршено високо образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“- Правен факултет, Скопје, Република Македонија и се стекнува со диплома дипломиран правник.

— реклама —

Завршени магистерски студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј - Институт за социолошки и правно- политички истражувања, Скопје, на тема „Менаџментот во акционерските друштва и во 1996 година се стекнува со диплома магистер по кадровски менаџмент. Има завршен осми научен степен на образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ -

Институт за социолошки и правно-политички истражувања, Скопје, Република Македонија, каде, во 2000 година, се стекнува со диплома Доктор на правни науки - докторска дисертација на тема: Менаџментот во трговските друштва на капиталот.

Во 2007 година го има положено стручен испит за застапници при Државниот завод за индустриска сопственост на Р. М и се стекнав со право на застапник на странски компании за заштита на правата од индустриска сопственост.

Од 1981-1988 бил на повеќе раководни функции, посебно како Раководител на служба за нормативни кадри и општи работи во ЗОИЛ -Македонија, Скопје (QBE – Македонија). Во 2008 година е избран за наставник - доцент на Првиот приватен универзитет „Европскиот универзитет“ – Скопје. Во 2008 година е избран за доцент на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, по предметот Трудово право. Во 2010 година започнува да ја извршува функцијата продекан за настава на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во 2013 година е избран за вонреден професор при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Правниот факултет. Се пензионира како редовен професор на истит факултет.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите. Нека почива во мир, ќе остане вечно запаметен. Слава му!

Погребот ќе се одржи утре, на 27.10.2024 година во неговото родно место од 13 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања