Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Почина професор доктор Петар Пемов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pemov

Почина професор доктор Петар Пемов, клиничар и редовен професор по невропсихијатрија на Медицинскиот факултет на УКИМ од 1982 година до пензионирањето. Пемов е роден во 1935 година во Скопје. Во 1961 година дипломира на Медицинскиот факултет. Во 1968 година стана специјалист по невропсихијатрија. Докторира во 1981 година во Белград на тема поврзана со испитување на промените во мозочната течност при невролошките болести, со помош на полиакриламидна диск-електрофореза.

Бил раководител на Катедрата по невропсихијатрија, претседател на Здружението на невропсхијатрите, а потоа и на невролозите на Македонија, како и претседател на Здружението на невролозите на Југославија и член на Комитетот за неврологија на Југославија.

— реклама —

Автор е на книгите „Болести на крвните садови на мозокот – цереброваскуларни болести“ и „Мозочен удар – спречување и лекување“. Коавтор е на книгите: „Патофизиологија, дијагноза и теарпија на цереброваскуларните нарушувања“, „Современа дијагностика и терапија во медицината“ и „Геријатрија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања