„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска – истакнат правник и научник со длабок траг во македонската правна наука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-27-at-08.47.50

Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска. Веста на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот колега, Гордан Калајџиев.

— реклама —

„Замина уште еден голем професор, Мирјана Поленак Акимовска, бескрајно ја сакав и почитував, а таа ме поддржуваше кога ми беше најтешко“, напиша тој.

Мирјана Поленак Акимовска беше реномирана македонска професорка по правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и авторка на повеќе дела во областа на римското право и интелектуална сопственост. Беа познати нејзините публикации како: „Избор на текстови од римското право“ (212 страници, Софија, 2020); „Le Contrat De Dépôt…“ – студија за влијанието на римското право врз современиот депозитен договор во РМ; Различни анализи за авторско право, трговски марки и интелектуални права во Македонија и САД;.

— реклама —

Исто така, таа учествуваше и како коавтор во изданија за реторика, стил и правна методологија, во соработка со акaдемици.

Во научната заедница беше почитувана за својата посветеност, педантност и способност да ги поврзе теоретските основи на римското право со современите правни предизвици. Остави важен придонес во развојот на македонската правна наука и образование.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Marta-Kos

Кос: ЕУ загрижена за владеењето на правото во Македонија

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања