Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Почина Ратка Димитрова виолинистка и пратеничка во првиот парламентарен состав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ratka-dimitrova

На 80 годишна возраст , ненадејно почина Ратка Димитрова, долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и пратеничка од првиот парламентарен состав во независна Македонија. Димитрова беше и координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, од 1991 до 1994 година.

По повод смртта на Димитрова, сочувство испратија од нејзината матична партија.

— реклама —

-ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за смртта на г-ѓа Ратка Димитрова која беше пратеник и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во првото плурално повеќепартиско Собрание.

— реклама —

Димитрова со својот ангажман има придонесено во развојот на демократските процеси и е сведок и учесник на трансформацијата на македонскиот повеќепартиски систем.

— реклама —

Како дел од почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентарниот живот е активен сведок и придонесува за осамостојувањето на институциите на државата.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство по повод тажната вест за нејзината смрт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања