Почина еден од најголемите заштитници на културното и историско наследство и богатство во битолскиот регион, Ристо Палигора, советник, конзерватор и историчар на уметност, вработен во битолскиот Завод и музеј. Палигора почина ненадејно денес во 57. година од животот, обавувајќи секојдневни обврски.
Зад себе остави огромно дело. Скоро и да немаше проект за реставрација и конзервација на ѕидното сликарство и архитектурата на цркви и манастири во Пелагонискиот и Преспанскиот регион во кои не беше вклучен. Беше еден од најголемите истражувачи на историјата на храмовите и делото на зографите. Експерт достапен за медиумите кој јавно зборуваше за проблемите од областа на заштитата на спомениците.
Јавноста го памети и како учесник во сложен конзерваторски потфат во кој беше спасено ѕидното сликарство од опожарената црква „Св Петка“ во село Долно Егри, како и фреските и иконите од старата црква „Св. Димитрија“ во село Долно Чарлија во Битолско. Беше спасено целосно ѕидното сликарство над 250 метри квадратни и иконите од иконостасот.
Палигора водеше долгогодишна битка за да се издвојат пари за реставрација на бисерот на сакралната архитектура од 19 век, црквата „Свето Преображение“ во село Гопеш.
Беше неуморен чувар на галеријата икони Маловишта, каде има дела од Дичо Зограф, Трпу Зограф, Јован Зоград, Михајло од Самринаи други значајни автори.